Црква „Св. Константин и Елена“ - Бубаќево
Свети Константин и Елена (грчки: Αγίου Κωνσταντίνου και Ελένης) — црква во селото Бубаќево, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Храмот најпрвин е изграден како џамија во XV – XVI век. По иселувањето на муслиманското население и неговата замена со Грци од Источна Тракија, во 1924 г. џамијата е претворена во црква. Направена е од мермерни блокови од античка градба. Има правоаголен план и купола брз осумаголен барабан. Сè до 1950 г. куполата била покриена со оловни листови. Лаковите се заострени.[1] Во 1924 г. при преобраќањето на џамијата во црква е дограден олтар на исток. Во 1930 г. се додадени припрата и галерија во западниот дел, а напред е направен трем. Две децении подоцна тие се срушени, па црквата е одново изградена како трикорабна базилика, повторно од истиот антички мермер.[1] Иконите во црквата се донесени од храмовите на доселениците во Источна Тракија.[3] Во 1981 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia