Црква „Св. Константин и Елена“ - Солун
Свети Константин и Елена (грчки: Αγίων Κωνσταντίνου και Ελένης) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] ![]() Храмот се наоѓа во населбата Хиподром на истоимениот плоштад. Отворена е на 23 септември 1984 г. од митрополитот Пантелејмон II Солунски. Градбата претставува крстокуполен храм.[2] На местото на црквата имало два претходни храма. Од ракопис во светогорскиот манастир Дионисијат е јасно дека во XVI век тука имало црква; Свети Кирил е маченички убиен пред храмот на Свети Константин во 1566 г. Веројатно е дека црквата работела од крајот на XV век. Храмот е споменат од отецот Жан-Батист Сусје кој живеел во Солун во 1726 – 1733 г. Црквата тогаш се нарекувала само „Св. Константин“ и била парохиски храм. Важен извор е Заедничката кондика на грчката солунска општина во архивите на Солунската митрополија, каде се заведени храмовите и нивниот имот. Таму пишува дека црквата е обновена во 1818 и во 1908 г., и дека храмот отсекогаш бил парохиски. Црквата, обновена во 1818 г. со општински средства, е вториот по ред храм и била типична базилика со карактеристичка камбанарија.[2] Храмот има два параклиса.[3] Црквата е срушена во 1972 г., а во август 1974 г. во околината се направени ископувања кои дале многу важни откритија. Во подземјето на храмот се откриени ранохристијански гробови, како и една глинена урна со остатоци од пепел и коски. Се смета дека тоа се моштите на новомаченикот Кирил Солунски, изгорен на клада до црквата на 6 јули 1566 г. Потоа започнала изградбата на денешниот храм, која траела 10 години.[3][4] Внатре се чуваат вредни икони, вклучувајќи ја чудотворната икона на Свети Стилијан.[5] Грците кои се населиле во Солун од Мала Азија ја донеле иконата Богородица Надеж за сите.[6] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia