Црква „Св. Ксенија и Св. Нектариј“ - Солун
Света Ксенија и Свети Нектариј (грчки: Οσία Ξένη - Άγιος Νεκτάριος) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Храмот се наоѓа во населбата Харилау, на улица „„Папанастасиос“ бр 127. Изградена е од 1922 до 1924 г. од грчките доселеници од Мала Азија и претставува нивен парохиски храм. Нејзината изградба ја овозможил претседателот на Првото градежно друштво Епаминондас Харилаос и храмот го нарекол по мајка му Поликсена.[2] По завршувањето на новиот парохиски храм „Св. Ксенија“ (1967), сместен на улицата „Мараслис“, црквата го добила името „Св. Ксенија и Св. Нектариј“ и станала негов параклис, но продолжила да работи како редовна парохиска црква. Свети Нектари е додаден како покровител бидејќи на ова подрачје живееле многу старостилци, и за да се истакне дека црквата е потчинета на Солунската митрополија. Во 1979 г. црквата е целосно обновена, вклучувајќи ги ѕидовите, покривот и фасадата. Во 1993 г. е изработен резбан иконостас по цена од 5.800.000 драхми, на кој има икона на Света Ксенија од 1945 г. Во 2013 г. се извршени нови подновителни зафати.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia