Црква „Св. Кузман и Дамјан“ - Пештани
Свети Кузман и Дамјан (поретко како Свети Врачи) — главна селска црква во охридското село Пештани.[1] Во црковниот двор се наоѓаат и селските гробишта на Пештани. Црквата претставува главен парохиски храм на Пештанската парохија.[2] МестоположбаЦрквата е сместена во јужниот дел на селото Пештани.[3] Се наоѓа зад првиот ред куќи покрај регионалниот пат Охрид-Свети Наум. ИсторијаЦрквата е возобновена во 1844 година.[2] Се верува дека на ова место се наоѓала црквата „Св. Богородица Одигитрија“ (Патеводителка), која е спомената во натписот од црквата „Св. Константин и Елена“ во Охрид.[3] Археолошките остатоци од оваа стара црква се познати како Црквиште. АрхитектураБила градена од кршен камен, кој бил обработен на вратите и прозорците. Венецот е изграден од бигор. Црквата поседува седумстрана апсида.[3] Од надворешна страна бил дограден трем со дрвена конструкција.[3] ФрескоживописЦрквата го добила својот живопис во 1944 година од страна на зографот Рафаил Крстов со синовите Крсте и Владимир од Лазарополе, додека олтарот и пантократот биле фрескоживописани во 1997 година од страна на уметникот Драган Ристески од Охрид.[2] ИконостасЦрквата поседува иконостас, каде се наоѓаат 17 новонасликани икони. Сепак, истиот поседува и вредни икони, кои се евидентирани од страна на Управата за заштита на културното наследство.[3] Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia