Црква „Св. Мина и Св. Недела“ - Сер
Свети Мина и Света Недела (грчки: Ιερό Παρεκκλήσιο Ἁγίων Μηνᾶ καί Κυριακῆς) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1] ИсторијаХрамот е сместен на улиците „Евталија Адам“ и „Акрополис“, во северниот дел на градот. Изграден е врз остатоците од средновековна црква, посветена на Света Недела. Подигнат е во 1837 г. според камената плоча на него. По 50 години е обновен. Изгорел за време на Втората балканска војна во јуни 1913 г. Неговата обнова започнала во 1939 г. благодарение на ктиторката Евгенија Валала, и храмот веќе бил посветен на Свети Мина. Осветен е во 1985 г. оД митрополитот Максим Серски. Во 2007 г. е повторно обновен и живописан од зографот Николаос Голас.[1] Иконите „Свети Власиј“ (1850) и „Рождество Христово“ (1852) се дело на зографот Јаков Мелнички.[2] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia