Свети Наум Охридски Чудотворец — македонски православен храм во населбата Радишани во Скопје.[1] Сместен е во долот од десната страна на реката Серава на подножјето на ридот кој се издигнува кон североисток. Црквата е изградена како манастир во 1936 година, кога при ископувањето на темелите за изградба на овој храм селаните нашле остатоци од некој стар храм[2]. Во манастирот селаните вообичаено се собирале три пати годишно на денот на Св.Наум, на Крстовден и една недела пред Ѓурѓовден[2]. Со текот на времето и порастот на населбата Радишани таа станала главна соборна црква за целата населба и околните места, често посетувана за време на најголемите христијански празници, а во неа се извршуваат и венчавки и крштевки. Во дворот на црквата тече извор не лековита („чудотворна“) вода, а исто така се наоѓаат гробовите на двајца македонски владици.
Наводи
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр. 7