Црква „Св. Недела“ - Либаово
Света Недела (грчки: Αγίας Κυριακής) — црква во селото Либаово, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Црквата е гробишен храм во западниот дел на селото. Изграден е во првата половина на XIX век[1] или според други податоци во 1850[3] или околу 1860 г.[2] Претставува трикорабна базилика, типична за македонските цркви во своето време. Има внатрешни димензии од 7,6 × 13,1 м. Храмот има два влеза — од југ и од запад. Над трегера на южната стена е запазена камената плоча со траги од фреска на покровителката. Конхата на апсидата одвнатре е полукружна, а а однадвор е многуаголна со слепи лакови. Нишите на ѓаконикот и жртвеникот не излегуваат од источниот ѕид. Црквата е опожарена во 1928 г. и уништени се сите дрвени елементи внатре и надвор – тремот на запад и на југ, галеријата на запад, столбовите, дрвените тавани и резбаните елементи. Дрвеният покрив на храмот е обновен.[1] Во 1987 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia