Црква „Св. Никола“ - Беловодица
Свети Никола — црква во селото Беловодица.[1] Сместена е во југоисточниот дел од селото, на височина која и овозможува доминантна положба во однос на остатокот од селото. ИсторијаЦрквата била изградена и живописана во 1885 година.[2] АрхитектураГрадбата на црквата претставува трикорабен храм со полукружна апсида на источната страна која е украсена со пет слепи ниши. Црквата содржи галерија на кат која се наоѓа во западниот дел.[2] Влезот е од западната страна и над него има ниша со фреска на која е насликан Свети Никола. Многу од иконите во црквата се дело на мајсторот Ефтим Спасов. Иконата на Богородица со димензии 92 × 63 см е потпишана со натписот „Из руки го Ефтим Спасовичъ Зографъ от Гари 1885“.[3] Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата е сместена непосредно пред влезот на црквата од десната страна. Таа има квадратна основа и се состои од два дела, од кои горниот има незначително помала основа. Обата дела имаат по еден залачен отвор на секоја страна. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia