Црква „Св. Никола“ - Бело Поле
Свети Никола – главна селска црква во селото Бело Поле.[1] Сместена е во крајниот јужен дел од селото, на височина којашто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото. ИсторијаЦрквата била изградена во 1874 година од страна на крушевски мајстори, а била живописана во 1914 година.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа. Кон западната страна е доградена припрата којашто е пониска од висината на храмот. Во црквата се влегува преку припатата која има два влеза — едниот на северната и другиот на западната страна. Објектот на црквата во целост е варосан и е покриен со кров од ќерамиди, додека од јужниот ѕид на припратата се забележува дека била изградена од камен. Материјалот за изградба на црквата е познато дека бил носен од месноста Тумба.[2] Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа, нејзиниот влез се наоѓа на источната страна, а во горниот дел има по еден отвор на секоја страна. Градена е од тули и во целост е материсана и варосана од надворешната страна. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia