Црква „Св. Никола“ - Буриловци
Свети Никола — средновековна селска црква во светиниколското село Буриловци, Македонија.[1] Црквата е гробјанска. Прогласена е за споменик на културата на Македонија. МестоположбаЦрква се наоѓа во самото село Буриловци, источно од градот Свети Николе. Изградена е на старо култно место.[2] Во нејзина непосредна близина се наоѓа средновековната некропола Пинговски Гробишта,[3] каде се наоѓаат остатоци на постари надгробни споменици.[4] ИсторијаТаа е една од најстарите сочувани цркви во Овче Поле. Потекнува од IX век, а фрескоживописот е од XIV век.[5] Според друг извор, преку споредба на црквата со други градби е утврдено дека веројатно била завршена кон крајот на XV или почетокот на XVI век.[4] Не е познато кога и од кој архијереј е осветена.[5] АрхитектураЦрквата е гробишна еднокорабна градба.[2] Има правоаголна основа и полукружен свод, типичен претставник на црковната архитектура од отоманскиот период во Македонија.[4] Градена е од клепан и кршен камен со малтер, без некоја доследност во ѕидањето. Печени тули се употребувани само за создавање на лакот над нишата на западната фасада.[4] Влезот е од западната страна преку ниска еднокрилна вратичка. Прозорците имаат облик на пушкарници од средновековните одбранбени кули. Во горниот дел од надворешната страна, ѕидовите завршуваат со профилиран корниз изведен од кршен камен.[4] ФрескоживописСтилските одлики на ѕидното сликарство и извесната монументалност, пастелниот колорит и украсните елементи, упатуваат на стилските разбирања од крајот на XV или почетокот на XVI век. Во тематскиот склоп на сликаната програма е вклучен текстот на Неделниот прокимен.[2] Се забележуваат фрески од два временски периоди. Првиот слој, од времето на ѕидањето, а вториот од една реставрација од последните години на XIX век. Зографот на црквата спаѓа во редот на талентирани уметници.[4] Меѓу позначајните композиции се следниве: „Успение на Света Богородица“ на западниот ѕид над влезната врата, „Раѓањето на Христа“, „Сретење“ и други.[4] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia