Црква „Св. Никола“ - Вевчани
Свети Никола (наречена уште и Горна црква) — главната црква во селото Вевчани, а воедно и парохиски храм на Вевчанската парохија.[1] ИсторијаИзградбата или можеби обновата на оваа црква започнала во 1834 година. Градбата на црквата била завршена во 1864 година.[2] Архитектура![]() Црквата претставува трикорабна базилика со олтар, лаѓа и балкон. Црквата е долга 18, а широка 12,5 метри. Изградена е со рамен под, што во тоа време не било дозволено од османлиските власти. Црквата е градена од рачно делкан камен, а влезната врата е ѕидана со калај. Над неа, како и над другите отвори, во каменот се врежани библиски симболи. Каменот бил ваден од Мајдан, во планината над Вевчани, а бил носен со волови.[2] Фрескоживопис![]() Зографисувањето е дело на Аврам Дичов, најстариот син на Дичо Зограф, а се работело во истовреме за да заврши во 1879 година. Црквата со импозантни димензии, градена со фантазија и богато зографисана, е еден од најубавите преродбенски споменици во Македонија.[2] ИконостасИконите во црквата се изработени од Дичо Зограф од село Тресонче. Овој истакнат мијачки зограф во овој свет храм оставил вредни дела. Првата негова икона за црквата најверојатно е изработена во 1849 година. Од раката на Дичо се изработени и престолните икони во 1876 година, која што се смета и за година на осветување на црквата.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia