Црква „Св. Никола“ - Вранче
Свети Никола — главна селска црква во селото Вранче. ИсторијаЦрквата „Св. Никола“ е изградена 1874 година, датум што стои над влезната врата од западната страна, на којашто се наоѓа фреска на ѕидот со Богородица која во своите раце го држи Исус Христос. Црквата има уште една, помала врата, која се наоѓа на јужната страна. Над оваа врата се наоѓа претставата на Св. Никола. Црквата претставува еднокорабна градба, со петтострана аписида од надвор и галерија на кат на западната страна. На западната страна има и трем, до кој се наоѓа камбанарија.[1] Градител бил Петре Дебранец (Дебрели), која и ја живописал црквата заедно со неговиот син Глигур Дебранин. Црквата била реставрирана 1926 година од Милан М. Дукиќ од мијачкото Осој. Во црквата има повеќе икони потпишани од познатиот прилепски сликар Адамче Зограф (Адамче Најдов, Адамче Јанов, Адамче живописец). Исто така, своевремено поседувала богата библиотека со црковни книги. Најголемиот дел од нив биле донесени за потребите на месното население од Русија во XIX век. Денес во дворот на црквата има два гроба. Едниот е пред самиот влез на црквата од западната страна, но е оштетен и нечитлив. Вториот, означен само со еден камен, според усните кажувања на селаните му припаѓа на Велјан Ковилоски.[2] Според Археолошката карта на Македонија, црквата Св. Никола во Вранче е означена и како археолошко наоѓалиште, при што е наведено дека пред влезот во истата, од западната страна се наоѓаат повеќе антички споменици од мермер, и тоа надгробни стели, делови од стебла на столбови и друго.[3] На надворешната страна од запад, над тремот е поставена камена плоча со која се соопштува дека покојните Блашко и Васил Трајкови подариле два камени диреци за камбанаријата. Црквата „Св. Никола“ во Вранче е една од поголемите селски цркви во околината на Прилеп, која потекнува од XIX век. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia