Црква „Св. Никола“ - Горгопик
Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου) — црква во селото Горгопик, Гуменџиско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] ![]() Црквата е парохиски и гробишен храм на селото, на северозападниот крај на гробиштата. Според релјефна плоча на источната страна и плоча над западниот влез, изградена е во 1862 г. Претставува трикорабна базилика со внатрешни димензии од 12,4 × 22,3 м. Од запад има трем, денес затворен со таванска просторија. Храмот има единечен мансарден покрив со карактеристични засеци и на обете коси страни. Корабите се поделени со колонади. Иконостасот кои ги двои олтарот и наосот е дрвен. Апсидата е полукружна одвнатре и петстрана однадвор. Внатре иконостасот, амвонот, престолот и двата проскинитара се резбани. Парапетите се насликани со свеќиња и вазни во силни бои. Во нишата на жртвеникот има зачувана фреска.[1] Камбанаријата е куловидна и сместена на извесно растојание од црквата. Во храмот има икони од Николаос Константину од погрченото солунско село Кулакија и Христо Сакелариев од Петрово, Ениџевардарско.[3] Во 1987 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1][4] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia