Црква „Св. Никола“ - Загориче
Св. Никола — црква во демирхисарското село Загориче, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Црквата е гробишен храм, сместен на северниот крај на селото, и служи како заедничка црква со соседното село Утово. Според зографскиот натпис, црквата е живописана во 1885 година од крушевските браќа-мајстори Вангел и Никола Анастасови. На натписот се наведени и имињата на ктиторите, селани од Загориче и Утово. Храмот на многу наврати е пљачкосуван од арнаутски банди. Обновен е во 1934 година, а фреските се реставрирани во 1956 година.[1] Ова е мала еднокорабна градба со плиток дрвен свод. Покривот е од ќерамиди со дрвени стреи. Над апсидата покривот е од лим. Фасадите се варосани. На северната и јужната страна одвнатре има по три плитки полукружни засводени ниши. На запад има трем со понизок покрив.[2] Влезот е од запад и од југ. Крај храмот (на југозападната страна) има куловидна камбанарија.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia