Никола Анастасов
Никола Анастасов (Атанасов) — македонски зограф и иконописец од Крушево. Животопис![]() ![]() Роден е во Крушево, во семејството на Анастас Зограф, кај кого се образувал. Долго време работел заедно со татко му (до 1870 г.) и браќата Коста и Никола. Во 1866 г. тројцата браќа ја живописале црквата „Св. Димитрија“ во мегленското село Тушин и оставиле натпис на грчки:
Фреските обработуваат теми од Стариот завет — создавањето на Адам и Ева, нивниот живот во рајот, гревопаѓањето и истерувањето, но и од Новииот завет — Христовото Рождество, Воскресение итн.[1] Тројцата ги насликале сите цркви во Горен Меглен.[1] Во септември 1872 г. тројцата браќа го завршиле сликањето на „Вознесение Христово“ во скопското село Раштак, според зачуваниот ктиторски натпис на јужниот ѕид, западно од влезот. Во тоа време егзархиското население барало протерување на владикатата Паисиј Скопски и затоа неговото име е избришано по живописувањето. Фреските се наполно зачувани.[2] На 14 декември 1878 г. тројцата браќа го завршиле живописувањето на „Св. Атанасиј“ во демиркапиското село Прждево.[3] Во првата половина на 1879 г. тие ја насликале црквата „Св. Атанас“ во Будур Чифлик, Мариово.[4][3] До северната врата на храмот е оставен натпис „Въ лѣто 1879 іунїѧ 15 изъ рукі братхѧ Ва(н)ћелъ Нікола Кѡста Анастасовіцъ Зографа ѿ село Крушево.“[4] Истата 1879 г. тројцата ја живописале црквата „Св. Никола“ во Клисура, исто така Демиркаписко.[3] Во 1879 г. според натписот над северниот влез од внатрешната страна браќата ја насликале „Св. Стефан“ во Конопиште, Кавадаречко.[5] ![]() ![]() Во декември 1879 г. браќата го завршиле зографисувањето на „Св. Атанасиј“ во кавадаречкото село Бохула и над јужната врата од внатрешната страна ставиле натпис кој гласи: „Ктитори и приложници Димко Иереа, Ризо Ното Неде Гоџобашија Стоја Атанаси Митруши Вангелович от село Терново Никола питроп Темелко мали големи из руку братија Ваггели Никола Костадини Атанасович зуграфа от село Крушево в лето 1879 декември 20“.[5] Во 1880 г. браќата, заедно со Наќе, синот на Вангел, го насликале Бошавскиот манастир „Св. Архангел Михаил“. Над северната врата ставиле натпис: „Сеі храмъ стыи Архаггелъ Міхаиль. во врем(е) на она. г. г. Агаѳаггел Марко иереа. Кімо егуменъ престателъ себепъ. се стори за манастирот. што се зуграфіса за душевно. споменъ. Кресте. магеръ. Нікола даскалотъ. Ѧно момукотъ ик рукі бракѧ. Коста Никола. Вагглъ со синъ его. Наки. ѿ славно Крушово. во лето 1880. месецъ іулиа. 4.“[6][7] Во 1881 г. тројцата браќа целосно ја живописале црквата „Св. Богородица“ во Бегниште, Кавадаречко, според натписот на северниот влез од внатрешната страна на црквата.[8] На 8 јуни 1881 г. според натписот на северниот влез од внатрешната страна браќата ја насликале црквата „Св. Архангел Михаил“ во Ресава, исто така во Кавадаречко.[8] Во 1883 г. тројцата целосно ја живописале „Св. Атанасиј“ во прилепско Годивле.[9] Во истата 1883 г. ја насликале и „Св. Теодор Тирон“ во прилепско Дреновци.[10] Никола и Вангел работеле во црквата „Св. Ѓорѓи“ во крушевското село Острилци. Тие се автори на новите фрески стенописи и го оставиле натписот:„Сеї храмъ, Стый Геѡргіа се ізобрази, во времѧ, Бістъ, свещенікъ. Дамѧнъ, іереа ѿ село, Бабіно, ізъ рукі Ванћелі. Нікола Анастасовічъ зографа ѿ Крушово 1884 іуліа 26.“[6] Во следната 1885 г. двајцата работеле во „Св. Никола“ во Загориче, Демирхисарско.[11] Икони на Никола Анастасов од 1885 г. има во црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Журче, Демирхисарско. Дел од натписот гласи „...ізъ рукі Нікола Анастасовічъ зографа, ѿ Крушово волето 1885 месецъ, маі, 19.“ Негова икона на Свети Димитрија има и во храмот „Св. Димитриј“ во Крива Паланка.[6] Во 1888 г. Анастас со синовите Вангел и Никола ја насликале црквата на Ошинскиот манастир „Св. Архангел Михаил“.[12] Фрески од „Св. Димитрија“ во Тушин
Родословие
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia