Црква „Св. Никола“ - Кореница
Свети Никола — главна селска црква во прилепското село Кореница, Македонија.[1] Црквата се наоѓа на самиот влез во селото Кореница. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта. МестоположбаЦрквата е сместена јужно од селото Кореница.[2] ИсторијаИзградена е врз темелите на постара црква и осветена е во 1859 година од митрополитот Венедикт Византиски.[3] Според други извори, црквата била подигната во 1921 година, а претходно на тоа место имало рушевини од стар храм.[2] АрхитектураПретставува еднокорабна, полукружно засводена градба со полукружна апсида на источната страна, разчленета на пет слепи ниши.[3] ИконостасГлавна знаменитост во црквата се царските двери од средината XVI век, дело на истакната ликовна работилница која делувала на територијата на Охридската архиепископијата.[4] Други дела на истата работилница се царските двери на „Пресв. Богородица Перивлептос“ во Охрид (денес во Националниот историски музеј во Софија), дверите од „Големи Свети Врачи“ (денес на иконостасот на „Пресв. Богородица Перивлептос“, дверите од неутврдена црква во Охрид (денес во Народниот музеј во Белград), дверите во „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези, дверите од „Св. Ѓорѓи“ во Горна Влашка Маала во Охрид и дверите од „Св. Никола“ во Присовјани.[5] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia