Црква „Св. Никола“ - Мрзен Ораовец

Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Росоманска
Местоположба

Карта

Координати 41°29′05.5″N 21°51′28.4″E / 41.484861°N 21.857889°E / 41.484861; 21.857889
Место Мрзен Ораовец
Општина Росоман
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Завршено 1584 или 1694
Живопис 1694
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен

Свети Никола — главна селска црква во тиквешкото село Мрзен Ораовец, Македонија.[1]

Местоположба

Црквата се наоѓа пред самото село, сместена од десната страна на патот кој води до Мрзен Ораовец.

Историја

Црквата е изградена и живописана во 1694 година, според зачуваниот натпис над влезот од внатрешната страна.

Викторија Поповска-Коробар дава ново толкување на ктиторскиот натпис и по подлабока анализа на иконографската програма заклучува дека храмот датира од 1584 година.[2]

Архитектура

Претставува мала еднокорабна градба, градена од камен и варов малтер. На источната страна има петстрана олтарна апсида од надворешната страна. Одвнатре црквата е засводена со полукружен свод. Во олтарниот простор е олтарната конха, а северно и јужно од неа има две мали ниши — проскомидија и ѓаконик.[3]

Фрескоживопис

Зографските работи се завршени исто така во 1694 година, како што е наведено на натписот. Авторите на фреските се непознати.[3]

Живописот се одликува со изразен графизам и студени бои.[4]

Икони и иконостас

Иконостасот и иконите на него, како и царските двери се од XIX век.[3]

Галерија

Надворешноста на храмот
Внатрешноста на храмот (состојба 2023 г.)
Внатрешноста на храмот (состојба пред 2014 г.)

Поврзано

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 62. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Поповска-Коробар, Викторија (2011). „Нов поглед на ѕидното сликарство во Мрзенореовечката црква „Св. Никола" (PDF). Патримониум. Скопје: КАЛАМУС. IV (9): 157.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Росоманска парохија - цркви и манастири“. Повардарска епархија. 3 јуни 2008. Занемарен непознатиот параметар |acess-date= (help)
  4. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1331. ISBN 978-608-203-024-1.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya