Црква „Св. Никола“ - Скилич
Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου) — црква во селото Скилич, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. МестоположбаЦрквата е гробишен храм сместен во северниот дел на селото. Историја„Св. Никола“ е старата црква на селото, а „Св. Константин и Елена“ е новата. Во храмот има вградени антички и средновековни сполии — римски и византиски релјефи и натпис, употребени како градежен или украсен материјал. Црквата претставува еднокорабна базилика со димензии од 18 × 7 м и двоводен покрив. На 19 мај по улиците на селото се одржува поворка со иконата на Свети Никола. Римски натписРимскиот натпис на старогрчки е запишан во 1919 г. и со грешки објавен во „Национален водич“ за 1920 - 1921 г. Во мај 1953 г. берскиот старинар Панајотис Ксилапетридис го видел натписот на истото место и го препишал исправно. Се работи з стела од бел мермер, подоцна обоена, со фронтон одгоре и релјеф каде се претставени жени од типот на Афродита, а пред и меѓу нив има помала седната женска фигура, која веројатно држи рипида и е свртена налево.[1] Видливите димензии на натписот се 1,10 × 0,49 м. Висината на писмото е 0,029 м, а растојанието изнесува 0,02 м. Овој натпис е заклетвен, со кој Торпилиј Лик го споменува добриот карактер и доблестите на неговата сопруга Елија Евтихиди и така оддава сопружничко признание и љубов.[2] Торпилиј е поврзан со римско семејство Торпилии кое уживало влијание во источните провинции.[3] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia