Црква „Св. Никола“ - Слоештица
Свети Никола — средновековна манастирска црква во рамки на Топличкиот манастир во близина на селото Слоештица. Црквата е единствениот зачуван објект во рамки на манастирот. Во својот првобитен облик најверојатно била изградена и живописана во XIV век врз темелите на постар објект од V-VI век, додека својот денешен облик го добила по обновувањето во 1536-1537 година. Ктитор на црквата бил кратовскиот кнез Димитар Пепиќ, додека фрескоживописот е дело на зографот Димитар од Леуново. Денес, црквата е запуштена и е оставена во лоша состојба. ИсторијаПрвобитната манастирска црква најверојатно била изградена и живописана во XIV век, на што укажуваат двослојните фрески зачувани на нејзиниот западен ѕид. Таа била градена од кршен камен и кал, и од неа денес се зачувани само западниот ѕид, западниот влез, а најверојатно и подот од камени плочи поставени во средишниот дел на наосот во вид на медалјон. Со археолошките ископувања во 1982 и 1984 година било утврдено дека најстарата средновековна црква била еднокорабна градба која лежела на местото на постар објект со базиликален облик од V-VI век, чиј обиколен ѕид делумно бил искористен како темел за изградба на црквата.[1] Во периодот непосредно пред 1534 година, кон постарата црква од кршен камен и варов малтер била доградена и денешната припрата, којашто е засводена со полуобличест свод и е со иста ширина како постарата црква.[2] Црквата била срушена, при што останал остаток на западниот ѕид. Откако била срушена, таа била обновена, а нејзин ктитор станал кратовскиот кнез Димитар Пепиќ. Како доказ за тоа служи и главниот ктиторски натпис во наосот на манастирскиот собор над западната врата од 1536-1537 година, според кој црквата е изградена во времето на игуменот и еромонах Павнутие кој бил потпомогнат од Кир Димитар Пепиќ.[3] При обновувањето на црквата, внатрешниот простор бил пподелен на три дорати преку поставување на по два пара пиластри по должината на северниот и јужниот ѕид на кои лежи издолжениот полуобличест свод. Истовремено, црквата била проширена од јужната и северната страна за по еден метар, на кои подоцна се доѕидани два параклиса засводени со полуобличести сводови, од кои јужниот е во руинирана состојба.[2][3] Денес, црквата е запуштена и оставена во лоша состојба. Нејзините ѕидови се растресуваат како последица на минирањето на карпите во околниот каменолом. Во внатрешноста на црквата, олтарниот простор, наосот и страничните параклиси се во многу лоша состојба. Во црквата долго време нема богослужба, а внатрешноста нема црковен мебел или каков било инвентар.[3] АрхитектураЦрквата има базиликален облик со по два доѕидани параклиса на јужната и северната страна, како и дополнителна просторија на западната страна. Главната апсида на олтарскиот простор е нагласена и однадвор е втопена во ѕидна маса. Лево и десно од неа се наоѓаат нишите на олтарниот простор и ѓаконик, кои исто како и главната олтарска апсида однадвор се втопени во ѕидна маса. Олтарскиот простор своевремено бил одделен од наосот со иконостас, но денес од него денес нема остатоци освен лежиштето на подот и сликаните бордури на страничните ѕидови.[4] Јужниот и северниот параклис се со правоаголна основа и се издвоени како засебна целина, која на источната страна завршува со олтарска апсида и ниша на олтарниот простор. Параклисите однадвор се втопени во ѕидна маса и се засводени со полуобличест свод. Северниот параклис е издвоен како засебна целина со функција на гробна црква. На неговата западната страна има мала просторија во вид на припрата, а поврзаноста на наосот со северниот дел е изведена преку едноделна ниска врата, која упатува дека биле истовремено изградени. Освен овој влез, двата параклиса имаат засебен влез на западната страна. На западниот дел, над припратата има тесна просторија којашто служела како костурница и во неа се влегува преку лачен отвор.[4] ФрескоживописОд натписите во наосот над западната врата може да се заклучи дека црквата била зографисана од страна на Димитар од село Леуново, при што ктиротот Димитар бил една, а зографот Димитар друга личност.[3] Се споменува и дека зографот Димитар имал помошник по име Јован.[5] Врз основа на натписите, зографисувањето на олтарниот простор и наосот е извршено во периодот од 1 септември 1536 до 31 август 1537 година.[3] Во црквата денес се зачувани фреските во наосот на црквата, припратата и северниот параклис. Фреските се од XVI век и се значајни по нивната тематска и иконографска содржина.[3] На олтарната апсида е насликана композицијата „Служба на архијереите“, којашто претставува фрагментарано зачувана сцена од „Христовите исцелувања“ и „Визија на Св. Петар Александриски“.[6] Покрај фреските, сочувани се и два портрета на Свети Климент Охридски. Постариот од нив е од 1534 година и се наоѓа во припратата, каде што Свети Климент е насликан како монах во цел раст. Другиот портрет е од 1536-1537 година е во олтарниот простор, каде што Свети Климент е претставен како епископ со медалјон.[3] Ктиторската композиција е изработена во духот на старите традиции и ја повторува иконографската творба од црквата „Св. Никола“ во Манастирскиот манастир од 1271 година. Така, ктиторот Димитар со макетата во рака е предводен од патронот на црквата Свети Никола, кој го држи за рака и го носи пред големиот судија Исус Христос седнат на престол. Покрај главата на ктиторот пишува „Димитар“. Ктиторот е претставен во обична облека, при што долната кошула е кафеава, а долната темно-сина и е покриен со наметка која наликува на монашките. Тој на главата носи капа и воопшто е скромно насликан во споредба со неговиот портрет на северниот параклис.[3] Името на ктиторот Димитар се среќава и врз престолната икона на Исус Христос, каде што е запишано:
Името на зографот Димитар од Леуново, пак, се среќава врз две икони на иконостасот, како и на иконата „Слегување на Светиот Дух“. На иконостасот е запишано:
Разликата меѓу имињата на ктиторот и зографот може да се воочи преку содржината на обраќањето. Имено, ктиторот секогаш се обраќа со зборовите „Прими моление раба своего...“ затоа што ктиторите го даруваат Спасителот со дар во вид на градење црква, живописување или подигање на икона, додека зографот секогаш се обраќа со зборовите „Помени Господи раба своего...“ затоа што зографите како автори на делата се платени за својот труд.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia