Црква „Св. Никола“ - Сопотница
Свети Никола — главна селска и гробјанска црква во селото Сопотница. Црквата се наоѓа во северниот дел од селото, непосредна на десната страна од патот кој води кон Сопотничкиот манастир. Воедно, црквата е и парохиска црква на Сопотничката парохија. ИсторијаВо периодот од 30 април до 5 мај 2012 година, од црквата се украдени крст и пари.[1] АрхитектураГрадбата има правоаголна основа со мало издолжување кон југ во крајниот западен дел. Во задниот дел на црквата свртен кон исток е сместена апсидата. Покрај главниот влез, во црквата може да се влезе и преку влезната врата на издолжувањето кон југ, над којашто е насликан крст и е запишано името на црквата. Градбата е обоена во бела боја и е покриена со кров на две нивоа со ќерамиди. Камбанаријата на црквата е сместена спроти издолжувањето кон југ. Таа има квадратна основа на три нивоа, при што основата незначително се стеснува по нејзината висина. Во нејзиниот горен дел, на секоја од четирите страни има отвори со правоаголен облик. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia