Црква „Св. Никола Долни“ - Бер
Свет Никола Долни (грчки: Άγιος Νικόλαος της Γούρνας, στις Γούρνες, Γουρναρας) — доцносредновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е дел од парохијата на „Св. Јован Милостив“.[2] Го носи името на големиот дол (γούρνα, гурна) кој постоел меѓу оваа црква и црквата „Големи Свети Бессребреници“, и кој порано ги собирал водите од берските канали и ги носел во полето.[3] Црквата е изградена на почетокот на XV век. Првично бил еднокорабен храм. По големи интервенции на од крајот на XV до почетокот на XVI век претворен е во трикорабна базилика со дрвен покрив. Живописот во конхата на апсидата се од времето на изградба на храмот, а оние во нартексот, каде е претставена и починатата ктиторка, Васило од Бер датираат од 1525 г. Зачувани се и подоцнежни фрески од XVII век.[1] Авторот на живописод од XVII век работел и во храмот „Св. Никола Рибарски“.[3] Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[4]
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia