Црква „Св. Никола Летен“ - Маврово
Црква „Св. Никола Летен“ — Маврово — поранешна главна селска црква на селото Маврово, а која денес главно е потопена од водите на Мавровското Езеро. Била изградена во 1850 година. Во 1953 година со изградбата на хидросистемот „Маврово“ и Мавровското Езеро, црквата се нашла под вода. Сепак, во поново време, со периодите на суши, црквата се наоѓа на суво и може да се посети.[1] Иако главно е потопена во водите не езерото, црквата сè уште го има зачувано својот изглед. Самата градба и камбанаријата уште постојат, иако внатрешноста е главно уништена, а покривот е целосно паднат. Црквата се нашла на врвот на списокот на напуштени цркви во светот од страна на списанието „Хафингтон пост“.[2][3] ИсторијаГрадбаЦрквата била изградена од реканските мајстори во 1850 година. Во 1857 година била завршена, а се градела со мермер и гранит, имала мермерен олтар, вреден иконостас и икони од големиот мајстор Дичо Зограф.[1] Самите жители на селото Маврово имаат изјавено дека во изградбата се користел најквалитетниот камен и била изведена посебна техника т.н. „заб на заб“.[3] Била изградена како трикорабна црква со петстрана апсида, кула камбанарија и иконостас.[4] ФрескоживописПрестолните икони биле насликани во 1855 година од видниот мајстор Дичо Зограф.[5][6] Подоцна на црквата работел и дебарскиот мајстор Мелетиј Божинов. ПотопувањеКон крајот на 1952 година, кога започнало да се создава Мавровското Езеро, иконите и другите црковни предмети биле пренесени во малата црква што се наоѓа наспроти потопената. При потопувањето бил заборавен дрвениот иконостас и иконите што ги изработил познатиот мијачки зограф, Дичо Зограф, како и книги и други црковни предмети. Сепак, подоцна биле извадени и конзервирани. Црквата била потопена од езерото во 1953 година, но денес кога езерото е со намален капацитет (во летниот период), црквата е на суво и може дури и да се посети. Нова цркваВо средината на 1990-тите години на XX век, во Маврово започнала да се гради новата црква „Св. Никола“, завршена во 2006 година.[7] Пред да се изгради новата црква, имало идеја од страна на митрополитот Кирил, црквата целосно да се демонтира и да се постави над нивото на водата, но сепак се откажал од идејата и наместо тоа била изградена новата црква.[1] ПланВо изминатиов период повеќепати имало иницијатива за преместување на црквата или да остане на истата и да служи за намената. Бил претставен и проект за обнова и адаптација во современ културен центар од страна на фирмата „Театрикс“. Проектот предвидува околу црквата да се развива камена обвивка во две варијанти. Во првиот предложен модел, камената обвивка е скулптурно обликувана со стаклени продори, кои го задржуваат допирот со водата и отвораат визури кон околината. Во втората варијанта предвидена е камена обвивка, која е обликувана во вид на систем за подвижни ѕидови, кои во зависност од водостојот се регулираат по височина.[1] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia