Свети Никола Николимуки — црква во селото Маркова Сушица.[1] Црквата се наоѓа на самиот крај, југозападно од селото, на само 300 метри оддалеченост од Марковиот Манастир. Поточно, црквата е сместена од левата страна на патот кој води кон Марков Манастир во неговата непосредна близина, 300 метри пред манастирот. Спроти црквата од другата страна на патот постои чешма наречена Тониева Чешма, а исто така постојат и гробишта. Според изгледот и начинот на изградба од кршен делкан камен, како и остатоците од фрескоживопис на надворешната страна на ѕидовите над влезната врата, може да се заклучи дека црквата датира од постаро време, најверојатно доцниот среден век. Патронен празник на црквата е Св. Никола - „летен“ или Талалеј кој се прославува околу 18.05.[2]
Галерија
Поглед кон црквата (североисточна страна)
Мозаик во црковниот двор
Фреска во внатрешноста
Олтарот и иконостасот
Тониева чешма
Наводи
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.