Општина Студеничани
![]() ![]() Општина Студеничани — општина во Македонија. Седиште на општината е истоименото село. Историја1945-1952Месниот народен одбор Студеничани бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негово составно населено место било Студеничани.[2] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Студеничани бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Морани со неговите села Вртекица, Морани и Рамни Габер.[3] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Студеничани бил проширен на сметка на укинатиот Месен народен одбор Палиград со неговото село Палиград.[4] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Студеничани бил укинат на сметка на Општина Драчево која ги добила селата Вртекица, Морани, Рамни Габер, Студеничани, и Општина Зелениково која го добила селото Палиград.[5] 1996-до денесСпоред законот за административна поделба од 1996 година, Општина Студеничани била обновена, на сметка на намалената Општина Кисела Вода. Во општината припаднале селата: Алдинци, Батинци, Вртекица, Горно Количани, Долно Количани, Драчевица, Елово, Калдирец, Малчиште, Маркова Сушица, Морани, Осинчани, Пагаруша, Рамни Габер, Студеничани, Умово, Цветово, Црвена Вода и Црн Врв.[6] Според Законот за административна поделба од 2004 година, Општина Студеничани продолжила да постои со истите 19 населени места.[7] ГеографијаСтопанствоДемографијаСпоред пописот од 1948 година, Месен народен одбор Студеничани имал 3,199 жители, односно вкупното население на Вртекица, Морани, Рамни Габер и Студеничани. Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[8]
Според една проценка од 2016 година, Општина Студеничани имала 21.721 жител.[9]
Општествени установиСамоуправа и политикаГрадоначалник на Општина Студеничани е Азем Садику од редовите на ДПА. Тој бил повторно избран на локалните избори од 2017 година, за негов трет мандат од четири години.[10] Садику претходно бил градоначалник во мандатите 2000 — 2005 и 2013 — 2017. Советот на општина Студеничани е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() ДПА: 4 места ДУИ: 3 места СДСМ: 3 места БЕСА: 3 места АА: 1 места ДПТ: 1 место Културни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоЗабелешки
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia