Црква „Св. Никола Томанов“
Свети Никола и Свети Елевтериј Томанов (грчки: Άγιος Νικόλαος και Άγιος Ελευθέριος Άρχοντος Θωμανού) — црква во градот Костур, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Местоположба![]() Црквата припаѓа на Елеуската парохија.[1] ИсторијаЦрквата е изградена во XVII век. Внатре е зачуван вреден живопис од 1637 година, дело на зографот Никола од Линотопи. Забележително, зачуван е потписот на уметникот: „ΧΕΙΡ ΔΕ ΙΠΑΡΧΗ ΝΙΚΟΛΑΟΥ ΕΚ ΧΩΡΑΣ ΛΙΝΟΤΟΠΙ“.[1] Во 1924 г. црквата е прогласена споменик на културата.[2] АрхитектураПрвичната форма на црквата била еднокорабна базилика со дрвен покрив и припрата на северниот ѕид. Сегашната форма е променета со изградбата на купола, а оригиналната градба е зачувана само на западниот и северниот ѕид.[1]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia