Црква „Св. Пантелејмон“ - Сер
Свети Пантелејмон (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Παντελεήμονος) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Историја![]() Црквата се наоѓа во западното подножје на Серската тврдина, вон градските ѕидини на улица „Анастасиос Хрисафис“. Не е познато кога е изградена, но се претпоставува дека е подигната во XII век како гробишен храм на градот. Во 1202 г. црквата е урната од војската на бугарскиот цар Калојан. Храмот е обновен во 1738 и во 1838 г.. Внатре е откриена камена надгробна плоча со релјефна розета, полукружна круна. Има и надгробна плоча од византиско време. Во 1892 г. во црквата се откриенидве стари икони — едната на Богородица, а другата на Христос.[1] Во 1913 г. за време на Втората балканска војна црквата е изгорена од бугарската војска, при што преживеала само средишната апсида. Возобновена е врз средновековните темели во 1935 г. на иницијатива на женски комитет. Обновата завршила во 1950 г. Првично била параклис на катедралата „Св. Архангели“, а во 1985 г. со претседателски указ станала парохиски храм. Отворена е од митрополитот Максим Серски на 28 септември 1986 г. Подоцна во црквата се направени доста подобрувања — дворот е ограден и поплочен, обновена е чешмата од 1900 г., ремонтиран е иконостасот и др. Изграден е и параклисот „Христос Спасител Бесмртен“, како и „Христос во окови“, до апсидата, бидејќи во минатото до „Св. Пантелејмон“ имало гробишен храм со истото име. Во 1961 г. е подигната камбанаријата со средства на Г. Кацаридис.[1] Градбата претставува трикорабна базилика со двоводен ќерамиден покрив. Корабите се поделени со шест пара дрвени малтерисани столбови. На исток е поликонхален. Меѓу вредните предмети во црквата се иконата на Христос Седржител од 1885 г., евангелие опковано со сребро од 1811 г. и иконата на Свети Ѓорѓи од 1878 г.[1] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia