Црква „Св. Петар и Павле“ - Зрзе
Свети Петар и Павле или Овчарска црква — црква којашто се наоѓа во Зрзескиот манастир. ИсторијаЦрквата била изградена во XVII век, а била доградена во XIX век.[1] АрхитектураГрадбата на црквата има правоагола основа со многуаголна апсида на источната страна. Нејзиниот западен дел во целост е споен со манастирскиот конак. ФрескоживописВнатрешноста на црквата била зографисана во XIX век и живописот е со послаб квалитет од оној во црквата „Св. Преорбажение“ изработен неколку века порано.[2] Од него се издвојува фреската на којашто е прикажан животот на овчарот во народна носија. Во врска со претставата на фреската постои легенда дека овчарчето храбро им се спротивставило на заканите од арнаутите кои во тоа време го пустошеле и унишувале просторот на манастирот, но притоа загинало и во негова чест црквата го добила името „Овчарска црква“.[1] Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia