Свети Петар и Павле претставува пештерна црква во преспанското село Коњско. Пештерниот храм се наоѓа во пазувите на Пречна Планина, 1,5 км јужно од селото и претставува еден природен пештерен отвор, кој денес со повлекување на нивото на Преспанското Езеро, на околу 20 m високо во карпите, е со многу тежок пристап. Пештерата се состои од два дела, пред комора, или место за молитва и внатрешен дел, т.е. монашко живеалиште. Сочувани се ликовите на „Исус Христос”, Свети Петар и Павле”, како и ликови на непознати маченици. Името на зографот е непознат, но се заклучува дека се работело за сликар кој добро ја познавал не само ликовната туку и теолошката содржина на насликаното, и истиот датира од кон крајот на XIV век.[1] Се смета исто така дека зографот ги следел во потполност сикарските постапки на работилницата која ги сликала црквата „Св. Богородица Заумска“ (1361), како и Свети Ѓорѓи во Костур, Егејска Македонија.[2]
Наводи
Надворешни врски