Црква „Св. Богородица“ - Велгошти
Света Богородица — пештерна црква во охридското село Велгошти.[1] Во минатото црквата го носела името Света Петка.[2] МестоположбаЦрквата е сместена на околу 2 километри југоисточно од Велгошкиот манастир „Св. Петка“, некаде во средината од јужната падина на гребенот Клучка. Таа е сместена во една природна пештера и вклопена во карпестиот предел на планината Петрино.[3] Пристапот кон овој храм е многу тежок, скоро невозможен.[3] ИсторијаЦрквата била изградена во 1983 година и истата година била осветена од страна на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.[4] ЛегендаПрвобитно оваа црква била посветена на Света Петка. Во оваа пештерна црква има отвор и истиот се наоѓа во северниот дел на пештерата, канал што излегува кај манастирот Света Петка. Кога го граделе манастирот Света Петка, иконата што била посветена на неа секое утро од манастирот „бегала“ и тие ја наоѓале во пештерната црква. За да се уверат мештаните пуштиле една коза внатре и таа навистина излегла кај манастирот.[3] АрхитектураФрескоживописОд некогашниот фрескоживопис сочувани се остатоци во олтарниот простор и тоа претставата на „Св. Богородица со малиот Христос“ и по еден ангел од страната. Овој сочуван фрескоживопис се смета дека е од кон крајот на 14 век, но сепак поради тоа што овие фрески во подоцнежниот период се премачкувани и пресликувани е тешко да се тврди, а посебно кога овој пештерен храм во 1991 година целосно настрадал од пожар. Единствено точни резултати можат да се добијат само преку фризичко-хемиски анализи на подлогата на боениот слој.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia