Црква „Св. Петар и Павле“ - Петгас
Свети Петар и Павле (грчки: Αγίων Πέτρου και Παύλου) — црква во селото Петгас, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гуменџиско-бојмичко-ругуновската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Црквата е гробишен и парохиски храм на селото, изграден во средината на XIX век. Претставува трикорабна базилика со димензии од 14 × 9 м.[2] На исток има една полукружна апсида. На северниот крај на тремот има четириаголна кула изградена во 1955 г. Внатрешноста на црквата е нова. Храмот е уништен во пожар во 2000 г. и подоцна обновен. Уништени се галеријата на западниот ѕид, дрвените тавани, фреските, иконостасот со икони на кулакиски мајстори, владичкиот престол, амвонот и проскинитарите. Над јужниот влез, обликуван со камен околувратник, има траги од фреска на покровителите, апостолите Петар и Павле. Околу вратата има и траги од фрески кој покажува дека западниот и јужниот ѕид биле живописани до висина на галеријата.[1] Во 1987 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[1] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia