Црква „Св. Петка“ - Бигор Доленци
Света Петка (позната и како Света маченичка Параскева) — селска црква во кичевското село Бигор Доленци, Македонија.[1] Црквата се наоѓа над денешната местоположба на селото Бигор Доленци и околу нејзе се наоѓаат старите селски гробишта. МестоположбаЦрквата се наоѓа во близина на некогашното село Бигор Доленци и во нејзина близина извира извор.[2] До црквата се стигнува по земјен пат во должина од околу 4 километри, кој започнува од селото Бигор Доленци. ИсторијаХрамот бил подигнат во 1858 година и била обновена во 1999 година.[3] Според податоците, градителите на црквата биле од селото Малкоец.[3] АрхитектураИконостасИконостасот бил изработен во 1865 година, а иконите на него се дело на познатиот Дичо Зограф,[3] од кои некои до 2007 година биле непознати за јавноста.[4] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia