Црква „Св. Петка“ - Бродец
Света Петка — манастирска црква на Бродечкиот манастир. ИсторијаИзградбата на црквата започнала во 2012 година и истата била завршена во 2015 година. Храмот бил осветен на 9 август 2015 година од страна на Митрополитот г. Јосиф на свеченост одржана за осветување на манастирот.[1][2] АрхитектураЦрквата е изградена од камен. Таа има четириаголна основа, со осумаголна купола која се издига од средишниот дел на покривот, натстрешница пред влезот на храмот и полукружна апсида на источниот ѕид. На јужната, северната, западната и источната страна од куполата има по една монофора. Ѕидот во внатрешноста на влезниот простор покриен со натстрешница содржи врамена молитва, додека над влезната метална врата има мала фреска со ликот на Света Петка и цветен венец во облик на лак. Над лакот има фреска која го отсликува животворниот извор за кој се верува дека е сместен во непосредна близина на манастирот и на која се прикажани верници како сипаат од лековитата вода која тече од чешма со три шепурки. Црквата е изградена од камен. Внатрешноста на црквата е фрескоживописана, а фрескописот е дело на мајсторот Славко Ѓиноски.[1] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia