Црква „Св. Петка“ - Воренос
Света Петка (грчки: Ιερός Ναός Αγίας Παρασκευής) — црква во селото Воренос, Лагадинско, Егејска Македонија. Претставува катедрален храм Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот е изграден во 1974 г. и се наоѓа во центарот на селото. Претставува трикорабна базилика со затворен трем на југ, тројна апсида на исток и камбанарија во југозападниот агол.[1] Внатре има преносливи икони и делови од резбаниот иконостас на постар храм, изработен најдоццна во првата половина на XIX век судејќи по натписите на иконите. Овој стар храм бил подигнат над рид вон селото и паднал во земјотресот од 1978 г. Во црквата се чуваат вкупно 20 преносливи икони, дел од иконостас, распетие со два резбани змеја под него и едни царски двери.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia