Црква „Св. Петка“ - Гостиражни
Света Петка – манастирска црква на Гостирашкиот манастир.[1] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со цилиндричка лимена купола и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна, а над него има полукружна ниша со вметната икона на којашто е прикажана Света Петка. Црквата има и спореден влез кој се наоѓа на јужната страна и води до олтарскиот простор. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата е живописана, а иконостасот е богат со икони во различна големина. Камбанаријата на црквата се наоѓа непосредно од левата страна на влезната порта од дворот на манастирот. Таа има квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел е изграден од тули, додека горниот дел е отворен од сите четири страни. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia