Црква „Св. Петка“ - Лагадина
Света Петка (грчки: Ιερός Ναός Αγίας Παρασκευής) — црква во градот Лагадина, Егејска Македонија. Претставува една од катедралите на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Храмот се наоѓа во центарот на градот. Изграден е во 1934 г. врз темелите на претходна црква од 1860 г., урната во почетокот на 1920-тите. Претставува крстокуполен храм во византиски стил.[1] Внатре се чуваат 105 преносливи икони од XVIII (1790), XIX (1849, 1868, 1882, 1892) и XX век (1902), од кои дел се творби на истаканти зографи од Кулакиската школа. Зачувано е и распетието на стариот иконостас, два други дела од него со Светите Апостоли, две хоругви за поворки, 47 литургиски предмети, како и 48 старопечатени и ракописни книги, од кои се издвојуваат две евангелија од 1768 и 1791 г. и ракописна служба на Света Кирана со приписка од 1819 г.[1]
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia