Црква „Св. Петка“ - Радибуш

Света Петка

Поглед на црквата „Св. Петка“ во Радибуш

македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кривопаланечко
Местоположба

Карта

Место Радибуш
Општина Ранковце
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка
Изградба 1859
Завршено 1859
Архитектонски опис

Црква „Св. Петка“ - Радибуш — главна селска црква во селото Радибуш. Се наоѓа во центарот на селото, сместена во близина на подрачното основно училиште. Во непосредно близина, но одвоени од црковниот двор, се наоѓаат и селските гробишта.

Црквата се одликува со исклучително богата внатрешност на зачувани фрески и иконостас. Воедно, особеност е што камбанаријата на црквата служи и како влез во самиот црковен двор.

Занимлива забележителност за црквата е тоа, што пред самата нејзина влезна врата, на подот има издлабен приказ на сонце со сосема ист дизајн како современото државно знаме на Македонија.

Историја

Црквата е изградена во 1859 година, а била обновена повторно во 1885 година[1], како што е и запишано во ктиторскиот натпис, кој стои над влезот во црквата:

... 1859 = 1885 =
.

Галерија

Надворешност
Внатрешност

Поврзано

Наводи

  1. Трифуноски, Јован (1976). Кривопаланачка област (српскохрватски). Загреб: ХАЗУ. стр. 297–298.

Надворешни врски

42°11′59″N 22°06′35″E / 42.19972°N 22.10972°E / 42.19972; 22.10972

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya