Црква „Св. Петка“ - Сарчиево
Света Петка — главна селска црква во штипското село Сарчиево, Македонија.[1] Во дворот на црквата на 8 август 2010 година биле зготвени 3.150 литри грав, со што селото влегло во Гинисовата книга на рекорди.[2] МестоположбаЦрквата се наоѓа во северниот дел на селото Сарчиево. Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта. ИсторијаПо податоците на Брегалничката епархија, црквата била првично изградена во 1973 година, но истата била срушена во 2003 година и била започната нова црква. Истата уште не е осветена.[3] Сепак, според друг извор камен-темелникот бил поставен на 8 август 1956 година по иницијатива на браќата Милан и Ладе Давчеви, кои потекнува од селото. Подоцна, во 1959 година бил уреден дворот и бил изграден конакот. Подоцна, во 1959 година бил уреден дворот и бил изграден конакот. Изградбата на црквата се случила многу подоцна: во 2009 година бил создаден нов црковен одбор од пет члена, а Стојан Давчев инвестирал во изградбата на летната црква. Истата година била подигната и црковната камбанарија, а во 2011 година бил уреден дворот, во кој се наоѓа извор чија вода се смета за чудотворна. Обновената црква, заедно со камбанаријата, биле осветени на 8 август 2010 година. Во минатото, на местото се наоѓал крст, а мештаните ја посетувале црквата во Трогерци.[4] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia