Црква „Св. Петка“ - Света
Св. Петка — црква во демирхисарското село Света, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Црквата е гробишен храм, сместен веднаш јужно од селото. Според натписот над јужниот влез, црквата е изградена во 1970 г. и го споменува нејзиниот ктитор и тогашен свештеник.[1] Подигната е врз темели на средновековната црква „Св. Пантелејмон“.[2] Според месното предание, Турците ја запалиле таа црква бидејќи во олтарот нашле бочви вино кои жителите ги скриле со намера да не платат ушур (данок) за лозје.[3] Околу црквата се откриени средновековни гробови градени од камени плочи, со насоченост исток-запад. Во сегашната црква се наоѓа чесна трпеза од мермерен блок со натпис посветен на жител од селото. Во дворот има и воени гробишта од Првата светска војна кои бугарската војска ги подигнала за своите загинати војници.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia