Црква „Св. Преображение“ - Кочани
Црква Св. Преображение — православна црква во изградба во Кочани, која припаѓа под Кочанското архијерејско намесништво, Брегалничка епархија, МПЦ - ОА. МестоположбаЦрквата е сместена во југозападниот раб на населбата Усова Чешма, во т.н. „Стопански двор“, северно од фабриката „Руен“, источниот дел на Кочани.[1] Северно од црквата е Подрачната зграда „Ѕвездички“ при Детската градинка „Павлина Велјанова“. ОсобеностиЦрковната зграда зафаќа 364 квадратни метри и во неа има приземје и галерија за црковен хор.[2] ИсторијаЦрквата била почната со изградба во почетокот на мај 2006 година, но претрпувала пауза во градежните зафати.[2] ![]() На 12 февруари 2020, за време на празникот Свети три светители. бил поставен и осветен крстот на куполата на црквата. Осветувањето било извршено од страна на Митрополитот Брегалнички Иларион во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија од Кочанското архијерејско намесништво.[3] Согласно ноември 2021 година, било поставена топлинската изолација на фасадата и на покривната конструкција.[2] Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia