Црква „Св. Преображение“ - Негуш
Свето Преображение (грчки: Μεταμόρφωση του Σωτήρος) — црква во градот Негуш, Егејска Македонија. Претставува митрополитска црква на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија (иако катедрална е „Св. Петар и Павле“ во Бер).[1] Црквата се ноаѓа во центарот на градот, веднаш до Серфиџиевото училиште во старото маало Пуљана. Изградена е на местото на параклис од 1932 до 1939 г. Во средствата за иградба учествувале негушки иселеници во Бостон, САД.[1] Градбата претставува крстокуполна базилика со импресивна камбанарија. Иконостасот е мермерен со преносливи икони. Живописувањето на внатрешноста започнало веднаш во 1939 г. од руски зограф, кој за жал во 1940 г. ја напуштил земјата, завршувајќи ги само куполата и апсидата. Во храмот има многу икони од негушкиот зограф Христодулос Матеу.[1] Во 2002 г. боровете на црковниот плоштад се прогласени за заштитен споменик.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia