Црква „Св. Пророк Илија“ - Блатец
Храмот Свети Пророк Илија, се наоѓа во селото Блатец, во Општина Виница и е парохиска црква на Блатечката парохија. Црквата претставува трикорабна базилика со рамни тавани. По форма и големина не се разликува од останатите цркви во регионот, кои се градени во средината на 19 век. Посебен впечаток оставт нејзините копаничарско обработените тавани, големиот крст на иконостасот и царските двери.[1] ИсторијаСпоред натписот над влезот на северната страна се прдпоставува дека храмот е изграден во 1850 година, иако другите белези на храмот укажуваат дека е граден пред 1850. Кога и од кој архијереј е осветена нема податоци.[1] ЖивописЦрквата располага со 77 икони, од кои еден дел се работени од зографот Никола Михајлов од Крушево. Неговиот потпис се наоѓа на иконата “Зачетие на Св. Ана’’. Другите икони се со ликот на Христос, Богородица, Св. Ѓорѓи, Св. Јован Претеча, Св. Никола и не утврдено од кој автор се. Според оригиналниот натпис иконописецот потекнува од Крушево.[1] ПоврзаноИсторијата на црквата е опишана во сочувани белешки и во неколку стари книги кои се наоѓаат во црковната библиотека и кои сè уште се користат за одделни црковни празници.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia