Црква „Св. Сава“ - Бер
Свети Сава (грчки: Άγιος Σάββας) или Пресвета Владичица Богородица (Παναγία Κυριώτισσα) — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Претставува еден од најважните византиски споменици во градот.[1] Има улога на парохиски храм.[2] Храмот е изграден во XIV век. Првично бил трикорабна базилика со дрвен покрив. На почетокот на XIX век на неколку наврати е преуредуван. Од првобитниот храм денес постојат источниот ѕид и ѕидовите на жртвеникот и ѓаконикот, какко и апсидата со впечатлива керамопластични украси, на која со тули е напишано „ПАЛЕОЛОГИНА“ (ΠΑΛΑΙΟΛΟΓΙΝΑ). Внатре се зачувани фрески од XIV век, впеатливи по својот реализам, како и вредни византиски икони. Долги години црквата била позната како „Пресв. Владичица Богородица“.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia