Црква „Св. Софија“ - Драма
Света Софија (грчки: Ναός Αγίας Σοφίας Δράμας) — средновековна црква во градот Драма, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3][4] ИсторијаЦрквата е најстарата зачувана градба во Драма.[1] Изградена е на ридот Хисар, на највисокото место во градот. Близу неа е окриен вотивен натпис на богот Дионис.[5] Храмот е подигнат во X век, заедно со градските ѕидини бидејќи при изградбата се искористени истите камења.[5] Според Кондиката на Драмската митрополија, црквата била посветена на Успението Богородично.[3] Според митрополит Агатангел Драмски, храмот е претворен во џамија од Турците во 1430 г.[5] Според други податоци, претворањето во џамија е направено за време на султанот Мурат I (1359 -1389).[6] Се нарекувала Беј-џамија, Хисар-џамија или Кале-џамија.[3] На отворениот простор на север има муслимански гробишта.[6] На 1 ноември 1912 г., за време на Првата балканска војна, храмот паднал во грчки раце. Бугарската окупациска управа ја претворила во археолшки музеј. По Втората балканска војна градот потпаднал под грчка власт и храмот повторно станал црква.[5] Во 1922 г. храмот е преименуван во „Св. Софија“ од грчките доселеници во Драма.[6] АрхитектураЦрквата е двокатна. Постариот дел на исток е потонат во земја, а влезниот дел на запад, додаден во османлиско време, се издига 2 метри над византиската црква.[5] Поради вкопаноста во земја, храмот го преживеал страшниот земјотрес од 1829 г. во кој е уништен целиот град.[7] Византиската црква е куполна базилика од преоден тип со периферна галерија.[3] Куполата е висока и осумстрана, поставена на квадратна основа.[5] Сè до почетокот на XX век подот бил покриен со со првобитните плочи од шарен мермер. Во оригиналната камена ѕидарија има вградени архитектонски елементи од антиката, а за украсување се употребени појаси од тула. Однадвор во горниот дел на источниот ѕид има обратно вграден старогрчки натпис со имато на вајарот Јован, како и дел од латински натпис.[3][4] Од јужната страна на црквата е камбанаријата, изградена на местото на турското минаре.[5] Храмот има речиси квадратен план со внатрешни димензии од 13,40 × 10,46 м. Во жртвеникот е зачуван првобитниот живопис, на кој е претставено Успението Богородично. Тој е насликан при изградбата на црквата и малтерисан во османлиско време. Во припратата има голема фреска од 1917 г. на која се претставени сцени од Второто пришествие.[4] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia