Црква „Св. Спас“ (Граховац)Црква „Св. Спас“ на Граховац (српски: Црква Светог Спаса) — црква изградена во чест на големата битка одиграна на ова место во 1858 година. Изградена е по наредба на кралот Никола во 1864 година, на симболичен начин, бидејќи нејзината изградба започнала во вторник, а завршила во четврток, на Спасовден, исто како и Битката кај Граховац. Нејзините темели биле ископани на местото на шаторот на Хусеин-паша, командантот на турската војска.[1] Спомен-црквата во Граховац го одбележува споменот на мажите кои биле убиени борејќи се против Турците во Граховац во мај 1858 година, кога Црногорците ги победиле многу побројните противници.[2] Црквата е мала по големина, со еднокорабна основа со полукружна апсида и камбанарија. На надвратната греда е врежан крст. Слепата розета е во облик на кормило и е поставена во средината на фасадата. На црквата, за време на прославата на стогодишнината од битката, била поставена спомен плоча со натпис: „Споменик на вашето јунаштво, Црна Гора и нејзината слобода“.[3] Иконостасот е изработен од Васо Крстов Вујичиќ во 1907 година. Црквата има и значајни обредни предмети од руско потекло. Црквата била овновена во 2001 година и е во добра состојба.[4] Наводи
Библиографија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia