КормилоКормило[1][2], крма[3][4] или дујмен[5][6] — уред на брод, чамец, подморница или авион што се користи за одредување и одржување на насоката или за управување во насока лево-десно. Кормилото се состои од струк, глава, лист и петица на кормилото. Делови за кормилоСтрук на кормилото е горниот, зајакнат дел од кормилото кој на самиот врв има стеснување на кое се закачува рудата на кормилото или зајакнување во кое се вовлекува рудата. Кај поголемите бродови и подморници, струкот се повлекува во внатрешноста на бродот каде што е поврзан со уредот за ротација на кормилото. Слично е и за авионите. Глава на кормилото е самиот врв на струкот на кормилото, кој обично се зајакнува кај чамците за да се спречи абење и оштетување. Лист на кормилото е дел од кормилото што го насочува бродот, односно низ кој тече водната маса за време на патувањето. Изработен е од дрво или железо. Дрвените кормила се направени од повеќе делови, а металот од едно парче. Петица на кормилото е долниот дел од кормилото кој е зајакнат за да се спречи пукање и оштетување на кормилото.
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia