Црква „Св. Спас“ - Колешино
„Св. Спас“ — христијански храм кој се наоѓа во Колешино, Општина Ново Село. Првата црква била изградена во 1876 година, но старата црква во 1961 година се срушила до темел под притисокот од огромниот снег кој се насобрал на нејзиниот кров. Новата црква била изградена од страна на мајсторот Миле Глигоров од Струмица, а иконостасот бил изработен од Митев Томе и Каменаров Кољо од Колешино. Во иконостасот биле поставени, во најголем дел, икони кои биле од времето на основањето на црквата. Иконите се поставени во два реда и само делот каде што се проскомидијата и ѓаконикот, иконите се од понов период. Во куполата нема претстава на Исус Христос Вседржител. Во 1991 година во црквата биле донесени неколку икони, поклон од Грција. Селото го слави верскиот празник Св. Спас кој секогаш се празнува во четврток, во месец мај или јуни[1]. ГалеријаНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia