Црква „Св. Спас“ - Крушево (Валовишко)
Свети Спас или Вознесение Христово (грчки: Αναλήψεως Αχλαδοχωρίου) — средновековна пештерна црква кај селото Крушево, Валовишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Валовишката епархија на Цариградската патријаршија. ![]() Црквата е сместена во пештерата Капе, засолната во јужните пазуви на планината Алиботуш (Славјанка). Има зачуван живопис од доцновизантискиот период.[1] Според преданието пренесено од Јордан Н. Иванов, изградена од некојси Трајче, кој тука се спасил во прогонот на христијаните. Месниот управник наредил да ја изгорат, но таа останала недопрена во пештерата.[2] Храмот „Св. Спас“ е сликовито опишан од поетот Пејо Јаворов во делото „Ајдучки копнежи“.[3] Во 1916 г. пиринскиот историчар и фолклорист Антон Попстоилов напишал:
Во 1992 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[1] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia