Црква „Св. Теодор Тирон“ - Пиперово
Свети Теодор Тирон — главна селска црква во штипското село Пиперово, Македонија. Денес, црквата е запуштена и се наоѓа во лоша состојба и распаѓање, а околу нејзе вегетацијата е целосно обрасната.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа во средишниот дел од селото. Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта. Во 2020 година била издадена „Процена на загрозеноста од елементарни непогоди кај православните верски храмови во општина Штип“ од страна на Центарот за управување на кризи и Универзитетот „Гоце Делчев“ во која се вели дека црквата врз основа на својата градба, местоположба и околина е загрозена од појава на пожари и силни ветрови.[1] ИсторијаЦрквата е изградена во XIX век, а не е познато од кого била осветена.[2] Во 1912 година, црквата била обновена.[2] АрхитектураФрескоживописВо 1912 година била живописана од непознат автор.[2] Икони и иконостасИконите заедно со иконостасот се стари од 1863 година, но нивниот автор исто така не е познат.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia