Црква „Св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“ - Височани
Свети Теодор Тирон и Теодор Стратилат или Свети Тодор (грчки: Αγιοι Θεόδωροι) — црква во селото Височани, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Историја и архитектураЦрквата е гробишен храм, сместен во западниот дел на селото. Според ктиторскиот натпис во слепит свод над јужниот влез, црквата е завршена на 15 март 1815 г. за време на митрополитот Партениј Драмски.[1] Градбата претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, женска црква, трем на западната страна и многуаголна апсида на исток. Храмот има димензии 15 × 10,60 м.[1] На покровителската икона лево од јужниот влез на иконостасот, непосредно по силно оштетената икона „Пресв. Богородица со Младенецот“, во долниот десен агол има грчки натпис во четири реда:[2] „διά σινδρоμής κάι δα / πάνης τоυ τιμη[ό]τάτоν / βγλτζо ρωίδо και τσή(κ)νη(ν) / αγγελ γηώργη γήνη... / ...17...“, то ест „Со помошта и трошоците на почитуваниот Вулчо Ројдо и Ци(к)ни(н)... Ангел Ѓорѓи Гини...“[3] “ ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia