Црква „Св. Троица“ - Козбунар
Света Троица — црква во селото Козбунар. МестоположбаЦрквата е сместена на падините на планината Плачковица, од десната страна на патот од Радовиш, на околу 1,6 км од селото Козбунар. АрхитектураГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со полукружна апсида на источната страна. Куполата на црквата е со квадратна основа и заоблени агли. На секоја нејзина страна и на заоблените агли има по една монофора. По една монофора има и на апсидата, на полукружните странични крила, како и на крајот од северната и јужната страна. Влезот се наоѓа на западната страна до којашто е доградена отворена припрата. Објектот е обоен во бела боја, акуполата се забележува дека е од тули. Храмот во целост е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата има трпезарија, помошна градба и летниковец. Галерија
ПоврзаноПоврзаноНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia